Најбрз начин за напредување во SFI


Podarok e-kniga

[one-half-first]paket-podaroci[/one-half-first][one-half]

Сеуште не сте член на SFI?

 

Зачленете се слободно и без обврски

 

ДОБИВАТЕ:

ПОДАРОК е-книга „Заработка на интернет“

Краток курс за SFI

Напредни обуки за интернет маркетинг

... и многу друго

 

Регистрирајте се ОВДЕ! [/one-half]

користете GMAIL адреса

пристап до подароците добивате најдоцна за 24 часа

 

Како најбрзо да напрдувате во SFI

 

Почнувајќи од 1-ви Април 2017. SFI нуди еден неверојатен концепт за сите сериозни членови кои навистина сакаат брзо да напредуваат во овој систем. Се работи за Opti-Build!  Овој концепт им отвара можност на новите членови многу брзо да развијат своја структура, а на поискусните им овозможува полесно, да не кажам автоматизирано, да изградат стабилен тим. Opti-Build е опција каде што сите учесници дозволуваат нивните нови зачленувања да се префрлаат во нивната структура според одредени алгоритми. Тоа значи дека оние кои веќе имаат моќни тимови, своите нови зачленувања дозволуваат да се префрлат кај тие кои се уште немаат развиено стабилен тим. А според компензациониот план на SFI СИТЕ СЕ ВО ДОБИВКА! И овците сити и волците на број 🙂 . Појаките Тим Лидери добиваат уште појака структура, а останатите добиваат неверојатна помош да го направат истото. ДУПЛИКАЦИЈА НА ДЕЛО!

 

Gradenje na tim

 

Кои се условите за квалификација во Opti-Build?

За да партиципирате во Opti-Build за одреден месец, треба во предходниот месец да постигнете најмалку Bronze Team Leader статус. Исто, треба да ја активирате опцијата Opti-Build Manager (USER - икончето со човече на главното мени во SFI канцеларијата >> Opti-Build Manager). Таму имате опција да изберете дали ќе партиципирате со 50% или пак со 100% од зачленувањата кои Вие ги правите, т.е. колкав процент од Вашите зачленувања ќе се прелеваат во Вашата структура.

градење тим

Новите зачленувања ќе се прелеваат само кај оние Ваши членови кои учествуваат во Opti-Build. Значи и тие треба да бидат минимум со Bronze Team Leader статус и да се вклучени во Opti-Build.

 

Како НАЈБРЗО да постигнете BTL статус?

 

Услови за добивање на Bronze Team Leader статус се освоени најмалку 3000 поени (VP) за одреден месец и да имате во структурата најмалку 5 директни зачленувања (PSA). Поените и членовите можат да се добијат на разни начини. Една работа треба да ја разјасниме: да се биде Тим Лидер во SFI треба да имате развиено систем на продажби преку кои заработувате и освојувате поени и да имате тим од активни членови кои ви носат VP. Во оваа прилика ќе ја објаснам само НАЈБРЗАТА опција, достапна за сите членови.

 

Како НАЈБРЗО да освоите 3000 поени

 

1. Редовно работете ги активностите од TО-DO

Со редовно одработување на дневните, неделните и месечните активности може да освоите околу 400 VP во месецот.

2. Направете претплата (Auto-delivery) на 125 TCredits.

Тоа може да го направите на линкот: https://www.tripleclicks.com/detail.php?item=212474 . Овој пакет чини 43.75$ . Но, со активирање на опцијата Auto-delivery пакетот го добивате со неверојатен попуст за само 36.25$. Со тоа добивате 125 TCredits и освојувате 1500 VP и 32 Rewardical токени (RT). Така веднаш го обезбедувате статусот Executive Affiliate ис се здобивате со беџ Booster Club member.

3. Користете ги Вашите кредити на аукции и игри

Отворете ја страната на TripleClicks и пријавете се со истите податоци од SFI. Ако влегувате во TripleClicks преку икончето од главното мени во SFI веќе ќе бидете логирани. Потоа одете на BID или Play од главното мени на TripleClicks. Изберете некоја аукција или игра и за секој искористен TCredits освојувате 10 Rewardical токени. Потоа овие токени преку системот може да ги замените за други понуди, помеѓу кои и за VersaPoints. 3 Rewardical токени може да ги замените за 1 VP. Доколку ги искористите сите кредити освојувате вкупно 1250 Rewardical.

4. Заменете ги Rewardical токените за VersaPoints

Со 1248 Rewardical може да земете 416 VP. Замената на освоените Rewardical токени може да направите преку Вашиот SFI налог, на главното мени, иконата со симболот на Rewardical (слика долу).  

 

rewardical meny

 

Освен тоа, со редовно учество на аукциите и игрите може да освоите и други награди кои може да Ви помогнат полесно да постигнете повисок статус. Тука се и наградните игри, како што се:

и други, така што може да освоите дополнителни VP, Rewardical и TCredits да ги замените и за повеќе поени. Не ги пропуштајте овие наградни игри за да освоите што повеќе поени!

ВАЖНО:

Доколку сте нов член во SFI и ги немате одработено сите еднократни активности, може да освоите и повеќе од 1000 VP. Тогаш не мора да ги употебите сите TCredits. Искористете на аукции само онолку колку што треба за да освоите најмалку 3000 VP за даден месец. Или, може да ги искористите сите кредити, но со замената на Rewardical да обезбедите најмалку 3000 поени за одреден месец, а останатите Rewardical да ги оставите за наредните месеци. Rewardical токените немаат рок на траење!      

 

Накратко

  • ~ 400 VP од редовните активности (дневни, неделни и месечни)
  • 1500 VP од Auto-Delivery за пакет од 125 TCredits
  • најмалку 416 VP од замена со Rewardical.

Бројот на освоени VP од дневни, неделни и месечни активности се разликува од месец во месец зависно од бројот на денови и недели во месецот. Сепак, тој број на поени не е доволен да постигнете BTL статус. Со малку среќа, наградите од наградните игри и аукциите, може да ги постигнете потребните 3000 VP.    

Кога на почеток се уште немате развиено систем на продажби кои Ви носи не само заработка, туку и VP, а исто така немате развиен тим преку кои освојувате дополнителни VP, тешко е да се достигнат потребните 3000 поени потребни за квалификација за Bronze Team Leader. Но, ако сакате навистина побрзо да напредувате, со мала дополнителна инвестиција може да ги освоите потребните поени.

Доколку Ви недостасуваат VP, а сте ги искористиле сите други опции, може со купување на одредени производи и услуги од TripleClicks да ги освоите потребните поени. Со купување на било кој производ, Вие добивате и VP. Колку VP носи одреден производ е прикажано во табелата десно до секој конкретен производ листиран на TripleClicks.

Како „најевтина“ опција која носи најмногу VP е купување на 1 TCredit. Тој чини 1.99$, а со негово купување добивате 102VP и 10 Rewardical токени. Овој производ може да го најдете на страната на TripleClicks, бирате во горното мени BUY, па потоа во листата бирате TCredits. Од понудените пакети го бирате TCredits-1 (линк: https://www.tripleclicks.com/detail.php?item=47534)

На пример, доколку ви недостасуваат 200 VP, може да купите два вакви кредити и да ги освоите потребните поени.

 

Како НАЈБРЗО до 5 членови во Вашата структура (PSA)

 

Зачленувањето во SFI е лесно затоа што е слободно и бесплатно. Ангажирајте се сами да најдете нови членови. Погледнете повеќе за зачленување ОВДЕ! Сепак, доколку не успеете да обезбедите 5 члена во Вашата прва линија (PSA) на самиот почеток, тука е Вашиот спонзор или некој Upline (https://www.sfimg.com/MyAccount/upline) за да Ви помогне. Слободно пишете им и некој од нив на емаил за да Ви префрли некој свој PSA во Вашата структура. ТОА Е ВО ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС и сигурно ќе биде прифатено Вашето барање.

 

Кога ќе се пријавите со исполнетите услови во Opti-Build и имате најмалку BTL статус се здобивате со беџот

DESIGNATED DIAMOND. 

Преку овој беџ членовите во SFI, а најважно членовите во Вашата структура можат тоа да го видат и полесно ќе ве следат.

ЛИДЕРИТЕ ВОДАТ СО ЛИЧЕН ПРИМЕР!

 

DESIGNATED DIAMOND

 

Варијанти

 

1. За нови членови

Доколку сте нов член во SFI и се уште не сте ги завршиле сите еднократни активности кои носат VP, не мора да ги употребите сите купени кредити. Целта е до крајот на месецот да имате минимум 3000 VP. Погледнете дали има некоја активност која не сте ја сработиле во TO-DO листата и освојте ги тие поени. Погледнете повеќе ОВДЕ! Останатите кредити или Rewardical токени може да ги чувате за наредните месеци, или пак да ги користите на други аукции или игри.

2. Дополнителни VP за Booster Club Member 

Ако одреден месец активирате Auto-Delivery за било кои пакет производи со вкупно 1500 VP, наредниот месец добивате дополнителни 100 VP како член на Booster Club Member. Тоа значи дека наредниот месец полесно ќе ги постигнете потребните 3000 поени за BTL статус без да ги искористите сите TCredits.Постои опција веднаш, уште првиот месец да ги освоите дополнителните 100 VP, доколку направите промет на TripleClicks од најмалку 3000 VP. Погледнете повеќе ОВДЕ!

3. За понапредните членови

Во наредните месеци, кога ќе освојувате поени со правење на лични продажби или од активностите на Вашиот тим, TCredits од трајниот налог може да ги користите по сопствена желба, за аукции, игри или може да ги собирате па да ги искористите на некоја посериозна аукција. Нивната важност е една година. Некои кредити може да префрлате на членови кои добро напредуваат а им треба мала помош во поени за да постигнат повисок статус.

4. Што ако добиете на аукција

Доколку добиете на некоја аукција имате неколку опции. Може добиениот производ да го замените за ТCredits, да го продадете во SUPER DEALS опцијата на TripleClicks или пак да го подигнете и да го искористите сами. Сите овие опции ќе ви бидат понудени откако ќе победите на некоја аукција. Подетално објаснување имате на во делот Winning An Auction & Getting Your Item на линкот:   https://www.tripleclicks.com/PBhowItWorks.php  .

 

Зошто е добро да се партиципира во Opti-Build

 

Во комуникација со мојот спонзор и двајцата мои Upline членови имам информација дека сите тие партиципираат во Opti-Build. Исто така, Тим Лидерите од мојата струтура се членови на оваа програма. Тоа значи дека се очекуваат многу нови зачленувања кои ќе се прелеваат кај сите учестици во програмата. Во моментов, некои членови на Opti-Build во мојата структура добиваат месечно стотина нови членови (PSA) само затоа што се потрудиле да бидат дел од неа.

На TripleClicks може да најдете и понуди каде што може да купите пакети од PSA. Еве една таква:

 https://www.tripleclicks.com/detail.php?item=344070

 Погледнете ја цената на понудата и размислете дали е навистина добро да СТОРИТЕ СЕ ШТО МОЖЕТЕ за да станете член на Opti-Build заедницата и да добивате нови членови по многу поповолни услови.

 

 

Прашања

 

Што ако мојот директен спонзор не е пријавен во Opti-Build?

Ништо. Доколку сте Вие член на Opti-Build, ќе добивате нови зачленувања од структурана над Вас кои партиципираат во оваа програма.

Каде ќе одат моите директни зачленувања доколку немам пријавено други партиципиенти во Opti-Build во мојата структура?

Тие остануваат кај Вас се додека некој не се квалификува и не се пријави во Opti-Build.

Дали може да се прекине учеството во Opti-Build?

Да, во секое време. Едноставно одите на линкот каде што сте ја активирале оваа опциа и го прекинувате Вашето учество.

Како да се приклучам во Opti-Build?

Активирајте ја опцијата Opti-Build Manager (USER - икончето со човече на главното мени во SFI канцеларијата >> Opti-Build Manager) како на долната слика и изберете 50 или 100% партиципација.

gradenje tim

 

Која е разликата помеѓу 50 и 100%?

Доколку решите да учествувате со 50% во овој систем, тогаш половината од Вашите нови зачленувања ќе се прелеат надолу во Вашата струтура, а останатите остануваат кај Вас. Но во исто време, тогаш добивате само 50% од членовите кои ги прераспределува струтурата над Вас. Со партиципирање од 100% ги отстапувате сите Ваши зачленувања, но добивате повеќе од прелевањата од Вашиот спонзор и целата горна структура. Овој процент на учество може да го промените во секое време на истиот линк каде што сте го активирале. На почеток, додека се уште немате развиена јака прва линија  (PSA) во Вашата структура, препорачувам да ја изберете опцијата 50%.

Од каде ќе бидат новите членови кои ќе се прелеваат кај мене и во мојата структура?

SFI работи во целиот свет и нашите Upline членови како и јас имаме кампањи за зачленување насекаде на интернет. Очекувајте нови членови од цел свет.

Дали мора да се приклучам во Opti-Build?

Не. Opti-Build е замислена како опција која се нуди на тие што сакаат да партиципираат. Доколку не сакате да учествувате, слободно може да продолжите да работите во SFI како и до сега.

Дали мора да се претплатам на Auto-Delivery за 125 TCredits за да партиципирам во Opti-Build?

Не. Услов за да добивате нови зачленувања од горната структура е да постигнете Тим Лидер статус (минимум BTL) на било кој начин. Опцијата со претплата на 125 TCredits е само една од варијантите, најбрза за новите членови кои се уште немаат развиено други начини на освојување на потребните VP од продажби и активности на тимот.

Дали може да се приклучам во Opti-Build ако немам статус Тим Лидер?

Да. Може да партиципирате со 50 или со 100%. Но нема да добивате прелеани членови од горната структура се додека не станете Тим Лидер и не се квалификувате како Designated Diamond.

Што добивам за мојата инвестиција со учество во Opti-Build?

Добивате 125 TCredits со кои учествувате на аукции како и членови во Вашата структура. Доколку и тие се приклучат во оваа програма, од Вашите PSA добивате и директна заработка, a во конечната пресметка на крај на одреден месец Ви се пресметуваат и поените од целата структура на членовите кои постигале минимум Executive Affiliate. Целта е не само брзо да ја вратите Вашата инвестиција туку и солидно да заработите. А сето тоа го добивате по цена од по едно испиено кафе дневно во скопсите кафулиња.

Дали со учество во Opti-Build ќе треба и самиот да зачленувам нови членови?

Да. Така побрзо ја јакнете Вашата струтура. Во исто време треба да работите и на правење продажби, како и на другите начини на заработка во SFI како што е опишано во компензациониот план.

Колку членови ќе добијам дококу партиципирам во Opti-Build?

Тоа никој не може да ви го каже. Но може да видите какви се симулациите кои ги правеле експертите во SFI  на следниот линк: https://news.sfimg.com/2017/03/06/introducing-opti-build/

Каде може да дознаам повеќе за оваа понуда?

SFI заедницата БРУИ со прашања и коментари на оваа тема. А програмата се уште не е почната. И од сите тие коментари, до сега видов само еден член кој е воздржан и не го прифаќа. Погледнете ги слободно дискусиите на Форумот во SFI на линот: https://www.sfimg.com/forum/thread?id=83063&pg=1

Ако имате било какво прашање, слободно контактирајте со Вашиот спонзор или некој Upline.