Што е VP, а што TC и Rewardical


Podarok e-kniga

[one-half-first]paket-podaroci[/one-half-first][one-half]

Сеуште не сте член на SFI?

 

Зачленете се слободно и без обврски

 

ДОБИВАТЕ:

ПОДАРОК е-книга „Заработка на интернет“

Краток курс за SFI

Напредни обуки за интернет маркетинг

... и многу друго

 

Регистрирајте се ОВДЕ! [/one-half]

користете GMAIL адреса

пристап до подароците добивате најдоцна за 24 часа

Што е VP, а што TC и Rewardical


За време на работата во SFI Вие заработувате одреден процент од секоја продажба на некој производ или услуга од TripleClicks. Доа е директната заработка. Но, тоа не целата заработка која може да ја остварите. Најчесто поголем дел од заработката доаѓа од други активности.

Versa Points (VP)

 

VersaPoints

Како Network Marketing програма, SFI применува одреден систем на бодирање на активностите на членовите. Поените кои што се добиваат за одредени активности се нарекуваат Versa Points, скратено VP. Овие поени се рачунаат на месечно и глобално, а нивниот износ може да го видите непосредно до Вашата слика во онлајн канцеларијата во SFI. Детален преглед во состојбата со поените може да добиете на Hot Spots > VP Ledger.

Кога ќе освоите 1500 VersaPoints во одреден месец добивате статус на Executive Affiliate (ЕА). Овој статус и Вашите бодови, Ви овозможуваат да учествувате и во поделбата на профитот на SFI. Со статусот EA добивате и други поволности од SFI.

Понатаму, поделбата (share) на заработката преку поени се зголемува скалесто со секои наредно освоени 500 поени. На пример, ако во тековниот месец имате освоено 1750 VP, во заработката ќе ви се пресметаат само 1500 поени. За да ја зголемите оваа заработка, треба да освоите најмалку 2000 поени (1500 +500). И така натаму, за секои освоени дополнителни 500 поени, расте и Вашата зарботка од поделба на профитот.

Вообичаено на почетокот заработката од VersaPoints не е голема. Најчесто ~1500VP значат заработка од ~1$! Па, каква е таа логика, каде е тука заработката?

Како поените учествуваат во заработката?

Системот на заработување во SFI Ви овозможува не само да рекламирате производи и услуги, туку и да зачленувате нови членови во SFI т.е. да градите сопствен тим. При тоа, кога ќе добиете статус Тим Лидер, при пресметката за исплата на крајот на месецот се рачунаат Вашите VP, но и поените кои ги освоиле членовите на Вашата структура кои имаат статус ЕА, како и на Тим Лидерите. Собирањето на поените е до различно ниво на длабочина во структурата.

За статусот Bronse Team Leader (BTL) се пресмтува до две нивоа на длабина, Silver Team Leader (STL) до четврто ниво, Gold (GTL) до осмо, а Platinum и Diamond (PTL/DTL) до дванаесето. На овој начин, кога веќе еднаш ќе изградите моќен тим, многу лесно може во пресметката на крајот од месецот да освојувате стотици илјади, па и неколку милиони VP.

Колку носи еден Versa Points?

Одговорот на ова прашање никој не го знае однапред. Вредноста на поенот (VP) зависи од заработката која ја направила SFI во даден месец поделено со вкупниот број на поени освоен во истиот. Секој месец вредноста на VP е различен. Во секој случај, заработката ќе биде поголема доколку освоите повеќе VP.

 

TCredits (TC)

 

 

За време на работата со TripleClicks, посебно при тргувањето, ќе забележите дека може да користите пари, но во исто време производите и услугите може да се добијат и со т.н. TCredits (TC). Овие кредити може да се купат на TripleClicks како поединечни, но и во повеќе пакети по поевтина цена. Нив може да ги добиете и како награди во разни наградни игри или за постигнување на одреден статус во SFI.

Вашата состојба со TCredits може да ja видите најгоре десно под Вашата слика во SFI онлајн канцеларијата, како и на страната на TripleClicks, кога сте логирани со Вашиот налог. Само побарајте го горе десно Member Center, а потоа во понудата побарајте го TC Ledger.

Доколку сакате да учествувате во аукциите на TripleClicks треба да имате TCredits. Исто така, на овие аукции може и да освоите пакети од100, 200, 300, 400 TCredits.

Зошто се користат кредитите?

Постојат многу начини како може да ги искористите овие TCredits. Кредитите може да ги користите кај разни игри на TripleClicks, да купите нешто, или да учествувате во аукциите. Но, Вие може и да ги рекламирате аукциите или игрите од TripleClicks. Кога некој заинтересиран ќе се пријави во TripleClicks, тој станува Ваш член и кога некој од нив ќе купат кредити, Вие да заработите VP, како и % од заработката. Разгледајте ги сите овие можности кои Ви се нудат со употребата на TCredits и искористете ги!

 

Rewardical tokens (RT)

 

rewardicals

 

Членовите на SFI автоматски се и членови на TripleClicks и Rewardical заедницата.  Разбирливо е дека има повеќе луѓе кои сакаат само да купуваат во оваа онлајн продавница а не се заинтересирани за заработка на интернет. Логично, секогаш бројот на купувачи е поголем од бројот на продавачи.

Поради тоа, TripleClicks има неколку начини со кои ги мотивира и ги стимулира купувачите да бидат што е можно поредовно присутни во оваа онлајн продавница и нејзините партнери. Тоа се најчесто некои наградни системи, некој облик на Loyality или Cash Back мрежа. Оваа стимулација се базира на освојување на поени (токени) кои се нарекуваат Rewardical Tokens (RT).

Каква е Вашата состојба со Rewardical Tokens (RT) може да видите на страната на SFI кога сте логирани со Вашиот налог. побарајте го на главното мени икончето на Rewardical програмата како што е прикажано на долната слика.

 

rewardical meny

Rewardical Tokens (RT) може да добиете преку повеќето наградни игри на SFI и на TripleClicks, при учество на аукциите, но ги добивате и при купување на некој производ од нашата продавница.

Како да ги користите Rewardical Tokens (RT) за подобрување на статусот во SFI?

Многу важна опција која им се нуди на почетниците во SFI замената на Rewardical Tokens (RT) за VersaPoints. Три Rewardical Tokens (RT) може да ги замените за еден VP, што е многу значајно кога собирате поени кои можат да ви помогнат во одржување на статус (EA, Team Leader) во SFI.

Кога ќе влезете на Вашата Rewardical страна, кликнете на копчето REDEEM TOKENS (слика долу).

 

 

Потоа на другата страна која ќе ви се отври имате опции да ги замените токените кои ги имате за разни други понуди. Едноставно, со избор на понуденото и на количеството на токени правите замена.

 

zamena na tokeni

 

Разгледајте ги можностите кои ви се нудат со овие токени и кредити. Со тоа може многу да си ја олесните работата SFI и да станете успешен Тим Лидер!

 

Ограничена понуда САМО за новите членови!

 

SFI има осмислено посебен пакет на производи (кредити и поени) кои ги нуди со посебен попуст од 71% само на новите членови. Тоа е таканареченот New Member Pack (NMP) кој содржи:

  • 50 TCredits
  • 750 Rewardical Tokens (RT)
  • 500 versaPoints
  • 3 CSA
  • 30 учества во Daily Crown наградната игра

 

Со овој пакет може да учествувате на аукции, игри, или пак да купите нешто од TripleClicks. Најважно од се , со овој пакет секој нов член полесно ќе се запознае со она што во иднина треба да го работи, да ги рекламира производите и услугите на TripleClicks. А како ќе рекламирате нешто ако и самите барем малку не се запознаете со понудата.

 

Повеќе информации за  придобивките  и содржината на NMP пакетот имате во Launchpad лекцијата на линкот:

https://www.sfimg.com/LaunchPad/Lesson?id=79

Начинот на купување на овој пакет е идентичен со купувањето на било кој производ од TrilpleClicks објаснето на страната Купување.

ВАЖНО!!!

Запомнете оваа понуда не е задожителна за членовите, но времетраењето е ограничено на првите 10 дена од членството во SFI и зависи САМО ОД ВАС! Понатаму оваа опција не е достапна. Да не речете после дека не Ви е кажано 🙂 .