Користење на линкови на социјални мрежи
Како партнер на SFI, вие распoлагате со многу ликови кои треба да ги користите за зачленување, промоции, рекламирање и слично. Каде ќе ги најдете овие линкови е објаснето во менито на оваа веб страна под Градете сопствен тим и Продажби .
Еден од најефикасните бесплатни начини на рекламирање е користењето на социјални мрежи. Тоа е подетално објаснето во табот Marketing на страната на SFI. Исто така, особено интересни за почетниците е користењето на бесплатните огласници на интернет.
Како да се кристат линковите на социјалните мрежи
Треба да знаете дека при користење на овие линкови на Facebook, или на другите социјални мрежи постојат одредени проблеми. Од некои причини, тие не дозволуваат постување на линковите за спнзорирање во вашите постови. Едноставно ги банираат! Ова се случува поради тоа што некои други наши „колеги“ ги злоупотребувале овие линкови и ги поставувале на несоодветни места, т.е. спамирале!
Ова состојба е проблем за секој почетник, но вие како ИНТЕРНЕТ МАРКЕТАР, или подобро кажано како ПРЕДПРИЕМАЧ, треба да се научите да гледате во ПРОБЛЕМИТЕ НОВИ ШАНСИ да го постигнете саканото. Најлесно е човек ако откаже. Но, задоволството ќе биде многу поголемо кога ќе се надминете проблемот!
Значи и за овој проблем постои решение! И тоа, не едно туку повеќе...
Како да го решите проблемот со блокирани линкови
1. Помош од спонзорот
Консултирајте се со вашиот спонзор или во Facebook групата SFI Фортуна Тим за можноста некој да ви генерира поддомејн (друг линк) кој ќе можете слободно да го користите на социјалните мрежи.
2. Користете ја алатката Share
За да ги рекламирате или промовирате производите од TripleClicks, во малото мени под производот има таб „Share&Win“. Кога ќе кликнете на него, се отвара ново прозорче каде што ќе најдете генериран линк за тој производ или услуга кој слободно може да се користи на некои социјални мрежи.
За секој случај, откако ќе го поставите постот на социјална мрежа, кликнете на линкот за да проверите дали функционира.
3. Онлајн сервиси
Постојат онлајн сервиси кои се наменети за генерирање на таканаречени скратени линкови. Овие онлајн алатки се добри доколку имате некој долг линк (на пример како оние од TripleClicks за производите) и можете да ги користите за скратување на линкот. Најпознати вакви сервиси се: goo.gl и bitly.com.
Но, посебно за линковите за зачленување во SFI на Facebook. нам не ни е потребно само скратување на линкот. Ние треба да направиме таканаречено преусмерување со маскирање. Значи, ни треба сервис што прави „Forward with masking“, се користи и терминот „Cloak URL“.
Вакви сервиси може да најдете и сами на интернет, но некои од нив понекогаш ги менуваат правилата. Затоа мој совет е од време на време да проверите како функционираат овие линкови. Недостаток на овие сервиси е што не се постојани и од почетокот на 2016 година работат нестабилно на Facebook. Затоа најдобро е да ја направите сопствен блог или веб страна како што е објаснето понатаму.
Кај поставувањето на огласи по странски огласници најчесто во САД, некои страни ја препознаваат локацијата од која огласувате и не ги прифаќаат огласите поставени надвор од САД. Затоа обидете се со некој VPN (Virtual Private Network) сервис да ја сокриете сопствената локација. Преку ваков сервис можете да се пријавите како да огласувате од САД. VPN сервиси има платени и бесплатни. Некои функционираат подобро а некои полошо. Треба самите да пробате, затоа што интернетот е динамична работа и постојано се менува. Еден од бесплатните VPN сервиси е интегриран во пребарувачот Opera, па може некаде да функционира. Има и VPN апликации за мобилни уреди кои може бесплатно да ги користите.
4. Направете сопствен блог или веб страна
Можете едноставно да направите ваш блог и да ги поставите вашите линкови, банери и други понуди од SFI. Вакви сервиси има повеќе, па пробајте некој од нив. Јас претежно ја користам http://www.weebly.com, но вие лесно и без некое предзнаење можете да направите блог, веб страна или т.н. landing Page на https://www.blogger.com или на http://www.wix.com/. Секоја од овие платформи имаат свои предности и недостатоци, но на секоја од нив може да се направи убав блог или пак веб страна за зачленување или рекламирање производи.
Ако нешто не ви е јасно кај изработката на веб стрна на некои од сервисите, едноставно можете да го искористите YouTube. Таму во полето за пребарување искуцајте нешто како „How to create blog on weebly” или сл. Ќе најдете многу видео упатства кои се ќе ви објаснат. Ех, тој прекрасен збор, „ How To….“
Кога ќе направите сопсвен блог, можете слободно да ја користите неговата адреса (URL) и да го рекламирате во вашите постови на социјалните мрежи.
5. Користете го Prestige Domain
Со време ќе се запознаете и со уште една можност која ја нуди SFI, т.н. Prestige Domain. Оваа алатка може да ја купите, но може и да ја добиете како награда во повжето наградни игри на SFI. Преку сервисот Custom Domain Manager (линкот до неа ќе добиете во порака на вашата емаил адреса, ако го ако го добиете како награда или ако го купите), многу лесно можете да креирате ваши оригинални поддомеини. Сепак, некои од овие поддомеини не функционираат на социјалните мрежи. Повеќе за користењето на оваа алатка ќе се информирате преку обуките во SFI.
6. Купете сопствен домеин
Како вистинско и трајно решение кое се препорачува од SFI, но и во интернет маркетингот во вакви случаи представува купување на сопствен домеин. Потоа, на овој домеин правите сопствен блог или веб страна, каде што пишувате за својата понуда и ги поставувате вашите линкови.
Можете и директно да го пренасочите вашиот домеин кон линкови од SFI или TripleClicks. Од сопствениот домеин можете да генерирате неограничено многу поддомеини и нив да ги користите за рекламирање. Домеинот или подомеините можете слободно да ги користите на социјалните мрежи. Објаснување на англиски како се користи овој сервис на GoDaddy имате ОВДЕ.
ОСОБЕНО ВАЖНО!!!
СЕКОГАШ ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ГИ ПОСТАВУВАТЕ ВАШИТЕ ЛИНКОВИ!
НЕ СПАМИРАЈТЕ !!!
Сето тоа е објаснето во обуките на SFI...
Накратко:
1. Mожете да поставувате постови и линкови кои што не се банирани на вашиод ѕид на Facebook.
2. Можете да поставувате постови и линкови кои што не се банирани САМО на оние Facebook групи каде што тоа е дозволено!
Погледнете во правилата на групите дали е дозволено поставување линкови, дали дозволуваат рекламирање и сл. Видете дали на групата има и други реклами и дали темата што ја покрива одредената група е во врска со вашата понуда, на пр. Making Money, Online Business, Free advertising и слично. Вакви Facebook групи може да најдете на стотици и илјадници со едноставно пишување на некој термин како што се горенаведените, во полето за пребарување на Facebook, а потоа одете најдолу, на See more results Во новиот прозорец што ќе се отвори го избирате табот Groups.
3. НЕ ПОСТАВУВАЈТЕ повеќе постови последователно во иста група.
Добро би било да се поставува по 1 пост дневно на една група, НО ОСОБЕНО ВНИМАВАЈТЕ на групите кои немаат многу членови и кои се слабо посетени да не се повторува некој ваш пост (оглас). Вашиот оглас треба да е отиден подолу за да не може го видите со 2-3 скролувања со глушецот. Не поставувајте постови на групи каде што веќе има многу огласи од други партнери на SFI. Тоа не изгледа воопшто вкусно и не носи никакви резултати.
4. Секогаш кога поставувате некој линк од реклама на социјалните мрежи, како на Facebook, прво пробајте како работат.
Тоа го правите така што го поставувате линкот на пост и го објавувате. Потоа кликате на објавениот линк и гледате како функционира. Овој пробен пост може веднаш да го избришете. Ако линкот функционира, може да го користите. Ако не, потрудете се да најдете друг начин објаснет во горните совети…