Една од најмоќните онлајн алатки за градење на тим која ви е достапна преку SFI е CO-OP. Со помош на оваа алатка можете да покренете заедничка онлајн кампања за зачленување на нови членови во Вашиот тим. Идејата е да вие и некои членови од вашиот тим здружите средства за одредена платена кампања, а преку оваа алатка новите членови рамномерно ќе се распоредат на сите учесници во одреден CO-OP.
На пример, доколку сте нашле ноекое онлајн место за рекламирање каде што имате добар одговор и доста зачленувања, тоа може да го споделите и со вашите членови. Доколку сте платиле на пример 20$ за дадена кампања и имате 20 нови зачленувања, нормално е да ако платите 200$ да очекувате 200 нови членови. Вие може да соберете пари од сите заинтересирани во вашиот тим и да ги вклучите во одреден CO-OP.
Ако најдете 10 заинтересирани кои би ви префрлиле по 20$, вие може да покренете кампања од 200$. Новозачленетите рамномерно ќе бидат распоредени на сите членови на тој CO-OP. Секој член ќе добие на пример по 20 PSA, а Вие добивате во вашиот downline 200 нови членови! И волците сити, и овците на број 🙂
Совети за тоа како може да соберете средства од членовите на Вашиот downline и варијанти како се распределуваат новите членови имате на: https://www.sfimg.com/PowerTools/TLCoop