Што се TC и Rewardical
За време на работата во SFI Вие заработувате одреден процент од секоја продажба на некој производ или услуга од TripleClicks. Доа е директната заработка. Но, тоа не целата заработка која може да ја остварите. Најчесто поголем дел од заработката доаѓа од други активности.
TCredits (TC)
За време на работата со TripleClicks, посебно при тргувањето, ќе забележите дека може да користите пари, но во исто време производите и услугите може да се добијат и со т.н. TCredits (TC). Овие кредити може да се купат на TripleClicks како поединечни, но и во повеќе пакети по поевтина цена. Нив може да ги добиете и како награди во разни наградни игри или за постигнување на одреден статус во SFI.
Вашата состојба со TCredits може да ja видите најгоре десно под Вашата слика во SFI онлајн канцеларијата, како и на страната на TripleClicks, кога сте логирани со Вашиот налог. Само побарајте го горе десно Member Center, а потоа во понудата побарајте го TC Ledger.
Доколку сакате да учествувате во аукциите на TripleClicks треба да имате TCredits. Исто така, на овие аукции може и да освоите пакети од 50 TCredits.
Зошто се користат кредитите?
Постојат многу начини како може да ги искористите овие TCredits. Кредитите може да ги користите кај разни игри на TripleClicks, да купите нешто, или да учествувате во аукциите. Но, Вие може и да ги рекламирате аукциите или игрите од TripleClicks. Кога некој заинтересиран ќе се пријави во TripleClicks, тој станува ваш член и кога некој од нив ќе купат кредити, вие заработувате процент од заработката на системот. Разгледајте ги сите овие можности кои ви се нудат со употребата на TCredits и искористете ги!
Сакате да освоите TCredits бесплатно?
Имате можност, погледнете на главното мени под MISC >> T-Time.
Rewardical tokens (RT)
Членовите на SFI автоматски се и членови на TripleClicks и Rewardical заедницата. Разбирливо е дека има повеќе луѓе кои сакаат само да купуваат во оваа онлајн продавница а не се заинтересирани за заработка на интернет. Логично, секогаш бројот на купувачи е поголем од бројот на продавачи.
Поради тоа, TripleClicks има неколку начини со кои ги мотивира и ги стимулира купувачите да бидат што е можно поредовно присутни во оваа онлајн продавница и нејзините партнери. Тоа се најчесто некои наградни системи, некој облик на Loyalty или Cash Back мрежа. Оваа стимулација се базира на освојување на поени (токени) кои се нарекуваат Rewardical Tokens (RT).
Каква е вашата состојба со Rewardical Tokens (RT) може да видите на страната на SFI кога сте логирани со вашиот налог. Побарајте го во блокот SPOTLIGHT табот REWARDICAL и ќе добиете преглед за состојбата со поените и начините како да ги замените за други вредности (пари, биткоини и сл), но и како да заработите дополнителни токени.
Rewardical Tokens (RT) може да добиете и преку повеќето наградни игри на SFI и на TripleClicks, при учество на аукциите, но ги добивате и при купување на некој производ од нашата продавница. Со време овие токени може да станат главен извор на вашата заработка во SFI.