Секој бизнис бара одредени инвестиции. Дали ќе инвестирате со труд или време, или пак финансиски средства, зависи од вашиот пристап и од самиот бизнис.
SFI нуди бесплатно членство кое подразбира подршка и обуки кои се исто така бесплатни. Сепак, како што и самите видите преку обуките, вие може да користите бесплатни но и платени методи на маркетинг за да го изградите вашиот бизнис.
Зошто би плаќалe кога постојат и бесплатни опции?
Замислете дека покренувате некаква рекламна кампања. Каков ќе биде резултатот од таа кампања ако ја поставувате на некој од бесплатните огласници, а каков доколку платите реклама во некој удатен термин на турска серија на телевизија . Не треба посебно да ви објаснувам.
Доколку знаете како да ги искористите бесплатните рекламни техники и со нив може да постигнете одлични резултати. Во исто време доколку не знаете правилно да ги насочите средствата во платените начини на рекламирање, може напразно да ивестирате а да немате никакви конкретни резултати.
Методи за рекламирање
Кои методи на рекламирање ќе ги примените, зависи само од ВАС. Сепак, за да не губите време, труд и да изгубите пари во платени огласувања, прво проучете ги бесплатните и платенитее методи на рекламирање кои се убаво објаснети во TRAINING секцијата на главното мени од SFI.
Кога ќе почнете посериозно да работите во SFI ќе забележите дека за одредена инвестиција, (лично купување на производи и услуги од TripleClicks) од дваесетина долари месечно, можете сигурно да обезбедите поени за да го обезбедите повисок статус.
Зошто би инвестирале?
Веднаш да разјасниме, платеното обезбедување на статусот не е задолжително и не е непоходно за успешна работа во SFI. Ако квалитетно работите на рекламирање на производи и развиете јака структура, тоа воопшто нема да ви биде потребно. Еве на пример, може да направите САМО ЕДНА продажба во месецот на некој производ, вашиот статус е обезбеден . Освен тоа само со една продажба може да заработите десетина долари директна заработка. А производи и услуги кои може да ги рекламирате и од кои може да заработувате во TripleClicks ги има околу 10 000!
Сепак, понекогаш во одредени фази на напредувањето во SFI, може некаква инвестиција да ви помогне да добиете повисок ранг и така да заработите онолку колку што чини вашата инвестиција, или многу повеќе.
Обезбедувањето на повисок статус е многу важна работа во градењето на тимот. Градењето на успешен тим бара ваша посветеност со совети и помош на членовите, но и водење на тимот со ЛИЧЕН ПРИМЕР. Тоа е WIN – WIN комбинација. Со својот пример најлесно ќе постигнете дупликација на вредни членови кои ќе работат најнапред за СЕБЕ, а потоа и за ВАС.